kineska dieta stapcinja

Оваа диета е доста вкусна и уникатна. Ви помага да ослабете до 3 кг за една недела, но мора да ја следите без да менувате нешто во неа. Не смеете да прескокнувате оброци, а смеете да ја зголемувате или намалувате количината на истите. Оваа диета ќе има посебно влијание врз вашето тело, а со тоа ќе ослабете и ќе се чувствувате одлично.

За појадок: 2-3 парчиња интегрален двопек или овесни снегулки со млеко со ниска масленост. Имате или Кинески или обичен зелен чак по појадокот.

За ужинка: чаша зелен чај со сок од лимон. Или јогурт со ниска масленост и една порција овошје. Избегнувајте манго и банана, но секое друго овошје е дозволено.

kineska dieta

За ручек: Кафеав ориз зготвен со свеж зеленчук, оцет, но без сол. Со оризот можете да јадете пилешко во црвен сос и оцт и печен компир (без павлака или сирење). По ручек пиете зелен чај со лимон.

Ужинка: Зелен чај, чај од камилица или чаша млеко со ниска масленост.

Вечера: пилешки ражнич – исечкајте го пилешкото на коцки, ставете ги на стапче и печете ги на скара, без сол или масло. Имате и варен зеленчук, варени брокули, еден грејпфрут и чај од билки.

Треба да го следите менито една недела. Ако сакате, можете да додадете грејпфрут или портокал по ручек и вечера. Ако сте гладни подоцна навечер, испијте чаша чај или чаша млеко. Грејпфрутот или портокалот можат да бидат замена за ужинката по појадок или ручек. Додавајте лимон на се што јадете. Зелениот чај пијте го топол, за поефикасна детоксификација на организмот.