limonada
Лимоновата диета постои повеќе од 50 години, но нејзината популарност особено се зголеми откако Бијонсе изјави дека ослабела 9 килограми за филмот Dreamgirls следејќи ја токму оваа диета.

Лимоновата диета е позната и под името Master Cleanse диета и е создадена пред се за детоксификација на телото и му помага на телото да ги отстрани сите токсини и непотребни материи внесени преку неправилна исхрана, неактивност и негативна мисла. Денес се користи како диета за брзо слабеење.

Планот на исхрана е многу строг и се состои само од внесување на цеден сок од лимон и јаворов сируп . Тој ќе ви помогне да ослабете до 10 килограми, да изгледате помладо, да ги намалите хроничните болки и да ја зголемети енергијата. Сите овие придобивки се возможни со само 10 дневно држење на лимоновата диета.

Секако дека слабеењето е неизбежно ако престанете да јадете и внесувате само нискокалорични напивки. Но мора да се признае дека оваа диета е штетна по вашето здравје бидејќи не ги содржи основните хранливи материи како што се витамините, минералите, протеините, јаглехидратите, растителните влакна и мастите.
Диетата не вклучува вежби веројатно поради фактот дека нема да имате енергија за да вежбате.

 

javorov sirup

Што смеете да консумирате со лимоновата диета?

Цврста храна и додатоци не се дозволени!
Смеете да пиете само сок од цеден лимон или вода со лимон за да се одржувa хидратацијата на вашето тело.
Треба да пиете сок од цеден лимон со јаворов сируп најмалку 6 пати на ден.
Moже чај од билки навечер.

 

 

 

 

 

Како да го подготвите пијалокот?

    • 2 лажички свежо исцеден лимон
    • 2 лажички природен јаворов сируп
    • 1/10 лажичка лута пиперка
    • 300 мл филтрирана вода

Оваа диета се држи од 4 до 14 дена и потоа се враќате на внесување цврста храна како што е супата од зеленчук па овошјето, зеленчукот ….

Со оглед на малкуте калории кои ги внесувате неизбежно е да ослабете со лимоновата диета. Но шансите да ги отстраните водата и мускулната маса наместо мастите се големи. Нормално е за време на диетата имате главоболки, вртоглавици како и дијареа.

Познатите нутриционисти не ја поддржуваат оваа исхрана и сметаат дека таа е многу строга и може само да ви наштети. Тие велат дека и симнатите килограми ќе се вратат за брзо време. Плус нема доказ кој вели дека доколку се ослободиме од токсините во телото ќе бидеме поздрави.